1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на мигрантите достигна 250 милиони во 2015-та година

Бројот на мигрантите достигна 250 милиони во 2015-та година

migri3

Бројот на мигрантите во светот е зголемен од околу 79 милиони во 1960-та година до околу 250 милиони во 2015-та година. Овие податоци ги достави агенцијата „Ројтерс“ по повод Меѓународниот ден на мигрантите.

Меѓународните мигранти – оние кои живеат во земја различна од нивната матична земја или родна територија – сочинуваат 3,3% од населението во светот.

Мигрантите и бегалците често патуваат на ист начин, но економските мигранти ја напуштат земјата за да бараат подобри економски перспективи за нив и нивните семејства во друга земја, додека бегалците бегаат од конфликти и прогон.

На крајот на 2015-та година во светот имало 65,3 милиони принудно преместени луѓе, а од нив 21,3 милиони биле бегалци, 40,8 милиони биле внатрешно раселени, а 3,2 милиони биле кандидати за азил.

Еден на 113 луѓе во светот е или кандидат за азил, или внатрешно раселен или бегалец.

Оваа година над 4,700 мигранти загинаа при обид да дојдат во Европа преку море, што ја прави најсмртоносната година, откако се водат слични статистики.

Италија е водечка дестинација за мигрантите и бегалците кои доаѓаат по море со чамци кон Европа, а оваа година во земјата дојдоа над 179.000 луѓе.

САД имаат повеќе меѓународни мигранти (47 милиони), отколку која и да е друга земја, следуваат Германија (12 милиони), Русија (11,6 милиони), Саудиска Арабија (10,2 милиони) и Бахреин (8,5 милиони).

Ходникот за мигранти Мексико-САД е еден од најпрометните во светот. Во фискалната 2016-та година што завршува во САД кон крајот на септември, по овој коридор се запленети над 408.000 мигранти, што е за 23% повеќе во споредба со претходната година.

Во 2015-та година мигрантите во светот испратија близу 600 милијарди долари на роднините во своите родни земји.

Девет од 10 бегалци живеат во развиените региони, а во Турција има најмногу (3 милиони бегалци).

Со покачувањето на нивото на морињата и со зајакнување на екстремните метеоролошки феномени експертите предупредуваат дека мигрантите, принудени да ги напуштат родните места по климатски причини, ќе се зголемуваат и ќе се претвораат во сериозен проблем.

Бројот на луѓето кои се преселија поради природни стихии, вклучувајќи бури, поплави и суша, е во просек 22,5 милиони луѓе годишно од 2008-ма година, а оваа бројка продолжува да расте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП