23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо првата половина од декември Европа купила за 14 проценти повеќе руски...

Во првата половина од декември Европа купила за 14 проценти повеќе руски гас

gasifikacija222

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави во неделата дека во периодот од 1-ви до 15-ти декември 2016 година го зголемил извозот на природен гас во европските земји за 14,4 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Меѓу водечките земји чии нарачки придонеле за ваквата динамика на растот на извозот се Данска со зголемување од 137,5 отсто, Полска со 103 отсто, Велика Британија со 66,8 проценти, Австрија со 64, Чешка со 49,8, Финска со 26,3, додека Германија купила гас годинава 14,2 отсто повеќе отколку во првата половина нод ланскиот декември.

Од „Газпром“, исто така, соопштија дека во периодот од 1-ви до 15-ти декември годинава испорачале во подалечните странски земји 170 милијарди кубни метри гас, или 11,9 отсто повеќе отколку во истиот период од 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП