15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција продаде 24% од енергетските мрежи на оператор од Кина

Грција продаде 24% од енергетските мрежи на оператор од Кина

greek-public-power-corporation-dei

Грчката државна енергетска компанија „PPC“ потпиша договорот за пренос на удел од енергетскиот мрежен оператор „Admie“ на кинеската „SG“, соопштува грчкото издание „Economy Watch“. Кинеската државна корпорација ќе добие удел од 24% од „Admie“ за сума од 320 милиони евра.

Ова е втора голема кинеска инвестиција во Грција. На почетокот на годината приватизацискиот фонд на нашиот јужен сосед ја избра кинеската „Cosco“ за концесијата на мнозинскиот удел од пристаништето во Пиреја. Инвестицијата таму е во вредност од 386,5 милиони евра за удел од 67% од пристаништето.

Концесијата е за период до 2052-ра година. Очекуваните приходи од концесијата во вид такси во буџетот се 410 милиони евра.

Грција има стратешко место меѓу Азија, Европа и Африка, како и со својата улога на Балканскиот полуостров, коментираат од „SG“ за време на церемонијата за предавање на партицијата од „Admie“. Компанијата планира учество и на енергетските пазари во Италија и Португалија.

Продажбата на 24% од „Admie“ беше одобрена од страна на акционерите на „PPC“ на 24-ти ноември.

Во почетокот на 2017-та година ќе биде организирана нова средба на акционерите, за да биде создадена новата „Public Holding Company Admie“ која ќе бидат присутна на Атинската берза во март. Имено 24% од новата компанија ќе бидат префрлени на кинеската корпорација.

На крајот на операцијата во рацете на „СРИ“ ќе останат 51% од „Admie“, 24% – за „SG“, а остатокот од капиталот ќе биде дистрибуиран меѓу помали инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП