18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАING Group: Паритетот меѓу еврото и доларот е прашање на време

ING Group: Паритетот меѓу еврото и доларот е прашање на време

eudolari3

Неусогласеност во монетарната политика во Европа и САД ќе доведе до паритет меѓу еврото и доларот, сметаат од „ING Group“. Во четвртокот единствената валута поевтини до 1,0364 долари, најниско ниво од август 2003-та година.

Силниот долар е клучен фактор, бидејќи инвеститорите сметаат дека Федералните резерви на САД ќе преземат побрзо зголемување на каматните стапки во 2017-та година со забрзување на растот на американската економија.

Од друга страна, Европската централна банка (ЕЦБ), пак, ќе продолжи со програмата за квантитативни олеснувања, иако со послабо темпо, откако инјектира уште 540 милијарди евра во се уште отежнатата економија на еврозоната.

Аналитичарите од ING наведуваат дека инфлацијата во Европа се отежнува и се очекува да се забрза. Поради тоа и поради падот на еврото до 1,03 долари од банката сметаат дека паритетот меѓу еврото и доларот е само прашање на време.

„Очекувајте некое консолидирање на ниво 1,0450 – 1,0500, но дното кое што еврото го достигна, значи дека спуштањето на валутниот курс до паритет е само прашање на време“, пишува во белешката од петокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП