10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогнозите на Франција паднаа во вода, пред неа уште многу неизвесности

Прогнозите на Франција паднаа во вода, пред неа уште многу неизвесности

francijakrizafrance

Растот на француската економија ќе достигне 1,2 проценти наместо предвидените 1,3 проценти, и покрај очекваното зајакнување на крајот на годината кое би требало да продолжи и во почетокот на 2017 година.

Државниот институт за статистика веќе еднаш, во октомври, ја намали прогнозата за растот за 2016 година, од 1,6 на 1,3 проценти во 2016 година, а француската влада се уште се надева дека ќе достигне 1,4 проценти раст оваа година.

Европската комисија и Банката на Франција во меѓувреме предвидоа зголемување на бруто домашниот производ за 1,3 проценти во 2016 година, а француската влада се уште се надева дека ќе достигне раст од 1,4 проценти оваа година.

И покрај новата ревизија надолу според Институтот „лошиот резултат на земјоделското производство“ е поради лошото време. Француската економија допрва треба да се поправи, предвиде Институтот кој очекува дополнителни 0,4 проценти од БДП од октомври до декември, по 0,2 проценти во текот на летото.

Растот притоа би требало да остане умерен, благодарение на добрите резултати во инвестициите, потрошувачката и извозот. Стапката на невработеност би требало наредната година да се намали на 9,8 проценти од работно активното население, додека на крајот од септември таа беше 10 проценти.

Меѓутоа „ризиците, вели Институтот, можат да ги оспорат тие прогнози. Прва е политичка неизвесност поради победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, а следат претседателките извори во Франција во периодот април-мај, како и парламентарите во Германија на есен во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП