21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакции со акциите на Скопски Пазар

Блок трансакции со акциите на Скопски Пазар

mk-berza

Последниот ден од трговската седмица го отвори блок трансакцијата со акциите на Скопски Пазар Скопје.

Во овие блок трансакции помина количество од 100 акции, по просечна цена од 12.564 денари. Вкупниот остварен промет со оваа акција изнесуваше 1.256 милиони денари.

Покрај блокот со акциите на оваа компанија, промет од над милиони денари беше остварен и преку тргувањето со обврзниците од петнаесеттата емисија. Помина количество од 33.210 обврзници по цена од 92,50 отсто од номиналната вредност.

Лидер според промет во петокот беше акцијата на Охридска банка, со промет од 9,2 милиони денари, при што беа истргувани 2.683 лотови по просечна цена од 3.463,44 денари.

Крајот на трговската седмица на Македонската берза ја одбележа падот на индексот МБИ-10 од 1,34 отсто, кој заврши на 2129,48 индексни поени.

На сајтот на МСЕ вчера беше објавена информацијата за извршената редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ од страна на Комисијата за берзански индекс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП