9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата со стабилни цени под 54 долари

Нафтата со стабилни цени под 54 долари

nafta 02

Цените на нафтата се стабилизираа во петокот на меѓународните пазари на нивото под 54 долари за барел, имајќи предвид дека подготвеноста на производителите да го зауздат прекумерното снабдување ја неутрализираше влијанието на дибитните продажби.

На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 53,82 долари. Позначителни промени во цената немаше ниту на американскиот пазар, каде со барел се тргуваше по 50,63 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на барелот референтна кошничка нејзина нафта во четвртокот изнесувала 50,96 долари. Тоа значи дека била 87 центи пониска отколку претходниот трговски ден.

„Цените незначително паднаа поради благиот бран добитни продажби, но со тоа сега е готово. Пазарот верува во договорот на OPEC и цените во скора иднина треба да пораснат“, толкува за Reuters Тамаш Варга од лондонската брокерска куќа „PVM Oil Associates“.

Кон крајот на ноември OPEC договори намалување на производството за 1,2 милиони барели дневно (BPD) по 1-ви јануари, што е прв таков договор по 2008 година. На иницијативата ѝ се приклучија Русија и другите независни производители, кои планираат да го намалат производството во ист обем.

Тие договори ги поттикнаа очекувањата на пазарите дека доаѓа крајот на двегодишниот период на прекумерно снабдување и дека цените ќе се стабилизираат на нивоата од октомври 2015 година.

Русија во петокот извести дека сите нафтени компании во земјата, вклучително и најголемата „Роснефт“, се согласиле да го намалат производството.

Другите значителни производители, Кувајт и Саудиска Арабија, ги известија своите клиенти дека од јануари 2017 година ќе започнат со намалувањето на снабдувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП