26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги ги предупредил европските лидери за ризиците од повисоки камати

Драги ги предупредил европските лидери за ризиците од повисоки камати

mariodraghi33333

Марио Драги ги предупредил европските лидери дека со комбинацијата од растечките глобални каматни стапки и експлозивната политика може да се потенцира слабоста во еврозоната, иако самиот тој зборува за стабилно заздравување во монетарната унија, пишува „Bloomberg“. Агенцијата се повикува на извор од структурите на Европската унија, кој е запознаен со средбите и посакал анонимност.

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) ја истакнал серијата избори во следната година, забавувањето на реформи и недостатокот на усогласување во некои земји со буџетските правила, како фактори кои се закануваат да ги вратат условите слични на оние во турбулентните години по 2010-та година.

Драги разговарал со европските лидери на состанокот во четвртокот во Брисел и предупредил дека повисоките камати може да ги остават земјите кои не ги намалиле дефицитите, со повеќе обврски. Претседателот на ЕЦБ вели дека генерално условите се подобрија насекаде во еврозоната во однос на почетокот на 2016-та година. Покрај тоа, растот на инвестициите и потрошувачката ја поддржал монетарната политика на банката.

Портпаролот на ЕЦБ одбил да ги коментира изјавите на Драги.

„Сепак 2017-та година е пред потенцијални ризици, бидејќи последиците од гласањето за „Brexit“ и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД може да се јават со полна сила“, вели Драги. „Растот на каматните стапки може да покаже нов притисок на земјите со висок долг, кои не успеаја да ги консолидираат своите буџети. Овој стрес може да се прошири во целата еврозона, бидејќи економските разлики меѓу земјите се зголемија, а структурните реформи се запрени“, истакнува тој.

Според зборовите на Драги, инфлацијата може да се забрза значително во следните месеци поради поскапата нафта, но генерално не се забележува стабилен тренд за зголемување на потрошувачките цени што ја натерало банката да продолжи програмата за стимулации иако со побавно темпо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП