18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКуба сака да го врати долгот од 276 милиони долари кон Чешка...

Куба сака да го врати долгот од 276 милиони долари кон Чешка со рум

rum-kuba333

Куба измисли необичен начин да го отплати долгот кон Чешка – со шишиња од познатиот рум, објави „ВВС“, повикувајќи се на извори од Прага.

Чешкото Министерство за финансии вели дека од Хавана ја понудиле оваа можност при последните преговори за ова прашање.

Куба им должи на чешките власти 276 милиони долари и ако предлогот биде прифатен, Чесите ќе имаат кубански рум, доволен за повеќе од еден век.

Од Прага, велат дека преферираат да добијат барем дел од парите во кеш.

Долгот на Хавана датира од времето на Студената војна – кога Куба и тогашна Чехословачка се дел од комунистичкиот блок.

Куба во моментов нема доволно пари за да го отплати долгот, но пак има изобилство од рум – оттаму и невообичаениот предлог, вели дописникот на „ВВС“ во Прага, Роб Камерон.

Министерството за финансии на Република Чешка објави дека плаќањето е можно или со рум, или со фармацевтски производи.

Лековите произведени во Куба, сепак не се сертифицирани од ЕУ, затоа плаќањето со традиционален „лек“ – доста популарен во Чешка, може да се уреди полесно, додава дописникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП