16 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo Giulia во Женева ќе пристигне во караван верзија

Alfa Romeo Giulia во Женева ќе пристигне во караван верзија

karar-00

На интернет се појави првата фотографија од караван верзијата на новиот модел на „Alfa Romeo“ – „Giulia“. Се очекува оваа опција на италијанскиот автомобил да дебитира на саемот во Женева во март, а плановите на „Alfa“ се да создаде и нова варијанта која ќе стане позната во октомври.

Засега од единствената слика која беше објавена на Фејсбук може да се добие некоја идеја каков ќе биде дизајнот на новата модификација на „Giulia“. Караван верзиите на најпопуларните модели од сите брендови се продаваат добро на европските пазари и побарувачката кај нив се задржува на високи нивоа за разлика од седаните, чија продажба бележи пад со секоја измината година.

Караван верзијата на „Giulia“ ќе излезе на пазарот со истата гама мотори како седанот – 2.0-литарски бензински турбо мотори со моќност од 200 и 280 коњски сили, како и со 2.2-литарски турбодизел со 150, 180 и 210 коњски сили. Нема да има промена и кај трансмисија – 6-брзински мануелен менувач или 8-степен автоматски менувач.

Се уште не е јасно дали и караванот ќе добие верзија „Quadrifoglio Verde“, иако кон таква опција се очекува сериозен интерес. Најмоќната верзија на „Giulia“ доаѓа со 2.9-литарски бензински мотор со две турбини и моќност од 510 коњски сили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП