18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателно тргување на европските берзи

Внимателно тргување на европските берзи

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

На европските пазари, утрово се тргува внимателно откако цените на акциите вчера го достигна највисоко ниво во последните 11 месеци.

Stoxx 600 индексот предвојејќи ги европски акции околу 9:30 часот беше во позитива 0,2 отсто, откако вчера се зголеми за 0,9 проценти што е највисоко ниво во 11 месеци.
Лондонскиот FTSE и парискиот CAC околу 9.30 часот беа во минус 0,1 отсто, додека франкфуртскиот DAX зајакна за толку.

Од почетокот на недела добивката на европскиот STOXX 600 индекс изнесува околу 0,9 отсто, што се должи благодарение на силниот раст на цените на акциите на банките во последните неколку дена.

На овој сектор подршка му обезбеди одлуката на американската централна банка која во средата ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени, како и нејзиниот сигнал дека до следната година цената на пари може да расте побрзо отколку што претходно се очекуваше.

Подршка на пазарите овозможува и стабилната цена на нафтата, по значителни флуктуации во средината на неделата. На лондонскиот пазар цената за барел утринава поскапе за 0,5 отсто, на 54,27 долари.

И на азиските берзи утрово се тргува внимателно, па MSCI индексот на акции Азија-Пацифик надвор од Јапонија, околу 9:30 часот беше во плус за 0,2 отсто, откако вчера склизна за 1,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП