18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајлоша валута е фунтата, полоша е дури и од аргентинскиот пезос

Најлоша валута е фунтата, полоша е дури и од аргентинскиот пезос

pounds33333

Прашањето е колку ќе биде потребно за британската економија да се врати на старите патеки, но исто така и колку уште може длабоко да паѓа.

Откако Британците, во јуни, се изјаснија за напуштање на Европската унија, фунтата падна за 14 отсто во однос на американскиот долар. Толку ниско фунтата во однос на доларот не паднала уште од 1985 година. Фунтата така ја превзеде неблагодарната титула за најлоша валута од аргентискиот пезос.

Аналитичарите веруваат дека падот ќе продолжи и дека би можел да заврши на ниво од 1,15 американски долари. Причината за мрачните предвидувања е неизвесна инвестиционата клима предизвикана од стравувањата за рецесија и политичка несигурност.

Во моментов, фунтата е најлоша важна валута во светот. Полоша е и од аргентинскиот пезос, бидејќи во однос на доларот опадна за 11,7 отсто. Треба да се има на ум дека во случајот Аргентина е втората по големина економија во Јужна Америка, која веќе со години е во економска криза, и каде што годишната стапка на инфлација од 40 отсто.

Фунтата е полоша и од мексиканскиот пезос, јужноафричкиот ранд и кинескиот јуан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП