4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААсфалтирањето на велосипедските патеки низ Скопје продолжува

Асфалтирањето на велосипедските патеки низ Скопје продолжува

%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%81%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b0

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ работат на повеќе локации за оформување и асфалтирање на велосипедските патеки во рамките на проектот „Скопје велоград 2017“.

Деновиве се врши асфалтирање на велопатеките по должината на улицата „Ѓорче Петров“, каде претходно беше извршена целосна реконструкција на коловозот на оваа улица.

Интензивно се работи и на изградба на велосипедските патеки од Рута 2, каде се врши асфалтирање на велосипедските патеки по должината на булеварот „Партизански одреди“, во делот од поликлиниката „Букурешт“ кон трговскиот центар „Сити мол“.

Рутата 2 е со вкупна должина од 11 километри и ќе ги поврзе општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Таа ги опфаќа булеварите Февруарски поход, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански и Кузман Јосифовски Питу, Кеј 13 Ноември, плоштадот „Македонија“, булеварот ВМРО и булеварот Партизански одреди до Порта Влае.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП