5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова Година: Македонците ќе потрошат 60 милиони евра за дочек!

Нова Година: Македонците ќе потрошат 60 милиони евра за дочек!

FYROM INDEPENDENCE

Над 60 милиони евра ќе потрошат Македонците само за дочекот на Новата Година. До точни податоци не може да се дојде бидејќи нема прецизни статистички податоци, но повеќе показатели упатуваат на ова – ако секое семејство во просек одвојува по стотина евра, а во земјава има над 500 илјади домаќинства се стигнува до оваа солидна сума.

Дополнително, секоја година во декември се повлекуваат по околу 30 милиони евра повеќе преку платежните картички од просекот во останатите месеци, а во продавниците околу половина од прометот е на картичка, а половина во кеш.

Ресторан, кафуле, дискотека – само за дочекот од 1.000 до 6.000 денари

Оние кои ќе останат дома ќе треба да готват или да купат храна, оние кои ќе одат во кафуле или ресторан ќе треба да платат мени. И едното и другото чини. Во зависност од понудата и имиџот на локалот цените се движат од 800 па и над 6.000 денари.

„Цените не се високи, ако се земе предвид колку многу се пие за дочекот. Ние имаме понуда од 800 денари за стоење и од 1.200 денари за сепаре. Таа иста како и лани… Сите мислат дека заработуваме премногу. Дека кафето не чини 10 денари, а го продаваме 60; но има многу скриени трошоци“ вели сопственик на кафуле во скопско Дебар Маало.

Виена и Будимпешта, Банско и Боровец – најбарани дестинации

Оние кои имаат повеќе пари се одлучуваат за неколкудневно патување во странство. Во туристичките агенции велат дека годинава е помал интересот за Истанбул, но поголем за европските дестинации, особено за Виена и Будимпешта. По традиција барани дестинации се и зимските туристички центри, особено Банско и Боровец.

„Во ски центрите во Бугарија аранжманите чинат од 200 до 300 евра за 3 ноќевања заедно со свечена вечера на 31 декември. За европските метрополи има голема варијација во цените, во зависност од тоа дали се оди со авион или автобус, во зависност од должината на престојот, како и од тоа дали дочекот е во некој локал или на плоштад што е речиси правило во над 90% од понудите“ велат во една скопска туристичка агенција.

Охрид очекува рекордна посетеност за празниците

И Охрид е една од опциите кои стојат на располагање, но цените се приближно исти како и за аранжманите во соседството. Сепак, по успешната летна хотелиерите очекуваат и солидна зимска сезона. Велат дека 80% од капацитетите се веќе закупени, во најголем дел од гости од регионот.

„Пропагандата која што значи добри препораки од оние кои што веќе биле во Охрид е најдобриот начин да стигнеме кон нови и нови туристи и проширување на понудата“ изјави неодамна професор Сашо Коруноски од Факултетот за туризам – Охрид.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП