22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДубаи ќе вложи 36 милијарди долари во најголемиот аеродром во светот

Дубаи ќе вложи 36 милијарди долари во најголемиот аеродром во светот

duaero33

Дубаи планира да вложи 35.7 милијарди долари во развојот на својот втор аеродром и логистички центар во јужниот дел на градот и најверојатно ќе се потпира на долг за значителен дел од финансирањето, соопштува „Bloomberg“.

Инвестициите ќе бидат направени во Дубајскиот светски центар и со него поврзаните објекти, меѓу кои и меѓународниот аеродром „Ал Мактум“, во следните 12 години, објавуваат запознаени извори посакале да останат анонимни.

Планот за инвестициите е утврден во документи со кои ги повикуваат банките да учествуваат во наддавањето за заем од 3 милијарди долари, кои на Владата и требаат за првичното проширување. „HSBC“ е финансискиот консултант на заемот.

Компанија со посебна цел ќе биде одговорна за изнаоѓање на кредитот, а таа ќе добива плата од дубајското Министерство за финансии врз основа на формула, поврзана со бројот на патници на двата аеродрома во градот. Компанијата ќе го бира и идното финансирање на проектот, вклучувајќи и долг.

Меѓународниот аеродром „Ал Мактум“ се наоѓа во централниот дел на Дубајскиот светски центар – комплекс од 140 квадратни километри со шест зони, вклучувајќи логистика, канцеларии, станбени згради и голф терен. Трошоците за развојот на целиот комплекс веројатно ќе надминат 32 милијарди долари.

Откако ќе биде завршен, аеродромот „Ал Мактум“ ќе се претвори во најголемиот во светот со капацитет од над 220 милиони патници и 16 милиони тони товар годишно. Аеродромот се наоѓа во близина на Светскиот Експо Центар 2020-та година и Дубаи планира да го премести авиопревозникот „Emirates“ таму до 2025-та година.

Дубајскиот меѓународен аеродром, кој е примарен во емиратот во моментов, веќе е најпрометните во светот од гледна точка на меѓународни патници, бидејќи градот се претвори во центар за меѓуконтинентални сообраќај помеѓу Америка и Европа со Азија.

Сообраќајот расте со просечна годишна стапка од 13% помеѓу 2000 и 2015 година благодарение на трансформирањето на „Emirates“ во најголемата авиокомпанија во светот по број на меѓународни патници.

Mеѓународниот аеродром и аеродромот „Ал Мактум“ ќе опслужуваат 146 милиони патници до 2025-та година во однос на 78 милиони во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП