2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради гласна музика казнети четири кафулиња во Центар

Поради гласна музика казнети четири кафулиња во Центар

muzika-glasna33

Казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени од страна на Општина Центар, откако било утврдено дека во кафе бар “Чао“, паб “Комедија“, “Аперитиво бар“ и “Џуси бар“ се пушта музика погласно од дозволеното.

Инспекциските служби извршија надзор, по пријава од граѓани, дека музиката која доаѓа од кафулињата им го нарушува мирот и сонот.

„Општина Центар ќе продолжи со преземање мерки против гласната музика во објектите и затоа ги повикува сите жители на Центар да се вклучат и да помогнат во решавање на овој проблем со тоа што ќе пријават гласна музика, за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и да преземат соодветни мерки“, порачуваат од локалната власт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП