Форум за Локален економски развој на Општина Илинден на кој учествуваа 170 компании кои што стопанисуваат во Општината, претставувани од сопствениците, директорите и членовите на менаџерските тимови, се одржа во Домот на култура „Илинден“.
На Форумот, покрај претставниците на бизнис заедницата учествуваа и претставници на невладини организации, финансиски институции, претставници на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор.
Зборувајќи за значењето на Форумот за локален економски развој, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски го истакна придонесот на Форумот во носењето на стратешките документи за локалниот економски развој на Општина Илинден.