19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкарскиот сектор го поттикна растот на цените на акциите на Волстрит

Банкарскиот сектор го поттикна растот на цените на акциите на Волстрит

wall-street-binary-options

На Волстрит цените на акциите забележаа пораст, со што ги надоместија загубите од претходниот ден, најголемо зголемување забележа банкарскиот сектор, што се должи на зголемувањето на каматите од страна на американската централна банка.

Dow Jones се зголеми за 0,30 отсто, на 19.852 бодови, додека S&P 500 порасна за 0,39 отсто, на 2.262 бодови, a Nasdaq индекс за 0,37 отсто, на 5.456 бодови.

Во четвртокот, пазарот се смири, откако претходниот ден цените на акциите паднаа, бидејќи Fed ги зголеми каматните стапки и сигнализираше на забрзување на темпото на раст на каматните стапки во текот на следните години.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави зголемување на фискалната потрошувачка, намалување на даноците и други мерки кои би требало да го поттикнат економскиот раст, но и инфлацијата со што каматите во наредните години во САД би можеле да растат повеќе од очекуваното.

Зголемувањето на каматните стапки може да ја зголеми профитабилноста на банките, па така вчера банкарскиот секторот беше меѓу најголемите победници. На 8 ноември, кога Трамп победи на претседателските избори, S & P 500 се зголеми за 6 отсто, додека цените на акциите во банкарскиот сектор се зголемија за речиси 25 отсто.

Ова меѓу другото е благодарение на Трамп и неговите најави дека ќе се намали регулатива во одредени сектори, вклучувајќи го и банкарство.

Арт Хоган, главен стратег во компанијата Wunderlich Securities, изјави дека тој сектор е еден од оние кои се најмногу оптоварени со регулациите, но ако Трамп ги исполни ветувањата, банките сигурно ќе имаат корист.

Инвеститорите ги охрабруваат и индикации за стабилно забрзување на растот на американската економија, што покажува дека таа е доволно силна да го издржи растот на каматите.

“Ние веруваме дека профитот на компанијата постепено ќе се зголемува, додека економијата доволно силна да го издржи зголемувањето на каматните стапки. Затоа пазарот на акции се смири”, изјави Пол Нолти, менаџер во фондот Kingsview Asset Management.

И на европските берзи вчера цените на акциите забележаа скок. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,72 отсто, на 6.999 бодови, додека франкфуртскиот DAX забележа скок 1,08 отсто, на 11.366 бодови, a парискиот CAC 1,05 отсто, на 4.819 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП