18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 100.000 Европјани во ноември седнале во нов автомобил

Над 100.000 Европјани во ноември седнале во нов автомобил

uk-car-production

Продажбата на нови автомобили во Европската унија (ЕУ), порасна за 5,8 отсто во ноември, што најверојатно ќе биде најдобар годишен резултат за регионот во последнава деценија и ќе го надмине рекордот од 2007 година, пишува The Wall Street Journal.

Бројот на новорегистрирани автомобили, кој приближно ја одразува продажбата, пораснал на 1,15 милиони во ноември од 1,09 милиони во истиот месец минатата година, благодарение на растот во Шпанија, Франција и Италија, според податоците на Здружението на европските произведувачи на автомобили (ACEA), со седиште во Брисел.

Продажбата на нови автомобили во Шпанија се зголеми во ноември за 13,5 отсто, во Франција за 8,5, Италија 8,2, Велика Британија за 2,9, и Германија за 1,5 отсто.

Се проценува дека продажбата на нови автомобили во ЕУ ќе достигне 14,7 милиони единици оваа година, пораст од 7,1 отсто во однос на 2015 година, соопшти италијанскиот истражувачки институт Centro Studi Promotor по објавувањето на податоците за ноември.

Ова ќе биде најдобра година за автомобилскиот пазар во 28-члениот блок од 2007 година, кога потрошувачите купија 15,5 милиони нови возила.

Од тогаш, пазарот на ЕУ претрпе двоен удар на светската финансиска криза, која ја пратеа проблеми со суверениот долг, а најтешко погодени беа јужните членки на унијата, Италија и Грција, пишува њујоршкиот весник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП