2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на Zara со 9% раст на нето добивката за девет месеци

Сопственикот на Zara со 9% раст на нето добивката за девет месеци

zara33

„Inditex“, компанијата која стои зад синџирот продавници Zara, објави раст на нето добивката за деветте месеци од оваа година, благодарение на фактот дека нејзините физички и онлајн продавници продолжуваат да привлекуваат купувачи, кои се заинтересирани за најновите модни трендови. Покрај тоа, компанијата соопшти дека продажбата се забрза со наближувањето на Божиќ.

Најголемиот моден ланец во светот откри дека неговиот нето профит за деветте месеци, кои завршиле во октомври, се зголемил за 9% во однос на истиот период од 2015-та година до 2,21 милијарди евра. Приходите од продажба се зголемени за 11 отсто до 16,4 милијарди евра.

Сепак „Credit Suisse“ изрази загриженост за тековниот пад на бруто маргина, кој се намалува до 57,9% од 58,8% пред една година, претпоставувајќи дека продажбата може да е привремено поттикната од намалувањата на цените.

За време на средбата со инвеститорите главниот извршен директор на „Inditex“, Пабло Исла изјави дека се забележува силен раст на продажбата во сите региони – од Европа до Азија. Тој коментира дека тоа се должи на неколку иницијативи на компанијата од последните неколку години, вклучувајќи го обновувањето на седиштето каде се врши дизајнот, дел од производството и дистрибуцијата.

Продажбата на „Zara“ претставуваат две третини од вкупните приходи на „Inditex“ за споменатиот период.

Аналитичарите истакнаа дека иако голем дел од трговците на мало се сретнале со проблеми поради топлата есен, забрзаниот процес на производство на „Inditex“ и дозволил на компанијата да создаде и произведе побрзо посоодветна облека за сезоната во своите продавници.

„Inditex“ не ги откри одделните податоци за фискалниот трет квартал, но пресметките на „Wall Street Journal“ покажуваат дека профитот во периодот се зголемил за 11% до 950 милиони евра од 854 милиони евра една година порано. Сумата се доближува до прогнозата на аналитичарите за 960 милиони евра според „FactSet“. Приходите од продажба се зголемиле за 11 отсто до 5,93 милијарди долари, во споредба со очекуваните од аналитичарите 5,91 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП