21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската банка ја задржа каматната стапка на 0,25 проценти

Британската банка ја задржа каматната стапка на 0,25 проценти

uploadsnewsarticle4926784main

Британската централна банка ја задржа референтната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,25 проценти.

Банката на Англија ја задржа каматната стапка и покрај скокот на инфлацијата кој предизвика неизвесност поради Брегзит.

Сите девет членови на Монетарниот комитет на Банката на Англија, на редовното заседавање, гласаа за задржување на каматната стапка на постоечкото ниво, воздржувајќи се истовремено од проширување на програмата за месечен откуп на обврзници, кој во моментов изнесува 435 милијарди фунти (521 милијарди евра), пренесува агенцијата Франс прес.

Гувернерот на Банката на Англија Марк Карни изјави дека неизвесноста и колебањето ќе го обележат процесот на излез на Велика Британија од Европската унија, пренесува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП