Општите економски загуби од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот, во целиот свет за оваа година изнесуваат 158 милијарди долари. Тоа е за 1,5 пати повеќе отколку во 2015-та година, кога соодветните загуби биле 94 милијарди долари, информира „ТАСС“, повикувајќи се на податоци на швајцарската компанија за реосигурување, „Swiss Re“.
За 2016-та година вкупните економски загуби од сите катаклизми, како природни, така и по човечка вина, изнесуваат не помалку од 158 милијарди долари, се наведува во извештајот на компанијата. Според податоците на „Swiss Re“, осигурителните компании исплатиле вкупно едвај 42 милијарди долари за отстранување на последиците од катастрофите.
Компанијата наведува дека голем дел од штетите (150 милијарди долари) се нанесени од стихијни катастрофи. Најкатастрофални биле земјотресите во Јапонија во април оваа година. Како резултат на тоа во префектурата Кумамото беа уништени целосно или делумно над 30 илјади живеалишта, а општите економски штети, по пресметките на компанијата, изнесуваат 20 милијарди долари.
Меѓу повеќето деструктивни природни катаклизми се споменуваат исто земјотресот во Италија, поплавите во САД, Европа и Азија, ураганот „Метју“ во САД, големите шумски пожари во Канада. Според статистиката како резултат на овие катаклизми во 2016-та година загинале околу 10.000 лица.