5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатиот кинез бара наследник, синот го одби!

Најбогатиот кинез бара наследник, синот го одби!

aa

Најбогатиот човек во Кина, Ванг Џианин(62) мора да најде наследник за неговата империја, откако неговиот син го извести дека не го сака неговото наследство.

Основачот и претседател на Далиан Ванда Група, вели дека неговиот единствен син, 28-годишниот Ванг Сиконг, не сака да ги преземе трговските центри, хотели, забавни паркови и спортски клубови, пренесува “Блумберг”.

“Го прашав мојот син и тој рече дека не сака да живее живот како мене”, рече Ванг, додавајќи дека најверојатно управувањето на групацијата Ванда ќе ја препушти на професионални менаџери.

vanda

Неговиот син има два отсто од акциите на групацијата Ванда. Освен тоа што е интернет ѕвезда во Кина, активно вложува во интернет компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП