13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ја истакна важноста од спроведување на договорот за миграција со Турција

ЕУ ја истакна важноста од спроведување на договорот за миграција со Турција

migranti-10750-32095

Челниците на Европската унија потврдија во четвртокот на самитот во Брисел приврзаноста на договорот со Турција за миграциите, и ја истакнаа важноста од неговото спроведувањето.

„Европскиот совет повторно ја истакнува својата приврзаност на изјавата Европска унија – Турција и ја истакнува важноста за нејзиното целосно и недискриминитарното спроведување во сите аспекти“, се вели во заклучоците кои ги прифатија челниците на земјите членки на ЕУ.

По договорот со Турција значително е намален приливот на мигрантите кои повеќе од милион од Турција дојдоа на грчките острови минатата 2015 година.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган порача дека неговата земја, доколку ЕУ не го спроведе дел од договорот со Анкара кој се однесува за укинување на визите за турските државјани, има и план Б и план Ц, но не конкретизираше што тие значат.

Кога станува збор предлогот на Европската комисија со кој би се надградил системот на квотите за распределба на имигрантите и бегалците по земјите членки, во заклучоците на челниците на ЕУ се вели дека „принципот на одговорност и солидарност останува заедничката цел“.

Комисијата во мај предложи реформа на заедничкиот европски систем за азил во кој се задржува основното начело дека за разгледувањето на азилот е одговорна онаа земја членка во којашто барателот на азил прво влегол, но се воведува корективен механизам кој треба да осигури поправедна распределба во случајот кога некоја земја ќе се најде под голем мигрантски притисок.

Корективниот механизам според тој предлог автоматски би се активирал што некоја земја членка ќе се соочи со несразмерно висок број барања за азил имајќи ги предвид нејзината големина и економската моќ. Штом бројот на барателите на азил мине 150 отсто од референтната вредност, којашто се одредува според бруто домашниот производ (БДП) и бројот на населението, сите нови баратели азил би биле преместени во други земји членки на ЕУ.

Дел од земјите членки се против таквиот предлог и предлагаат да се предвиди можноста солидарноста изрази и на други начини, а не само со примање на бегалците.

Словачкото претседателство е текот на изминатите неколку месеци предлагаше ткн „флексибилна“ солидарност, а во заклучоците се вели дека по тоа прашање дошло до одредено приближување на ставовите меѓу земјите членки, Се повикува во идното претседателствување на Малта да продолжи да работи на тоа.

Словачка и Унгарија, во прв ред, го доведуваат во прашање заедничките прифатени одлуки за квотите за распределба на бегалците и се обратија на Судот на ЕУ во Луксембург и побараа оценување на законитоста на тавата одлука.

Во заклучоците, исто така, се повикува и на побрзо преместување на бегалците од Грција и од Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП