24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Волстрит по зголемувањето на каматите од страна на Fed

Пад на Волстрит по зголемувањето на каматите од страна на Fed

volstrit3944

На Волстрит во средата цените на акциите се лизнаа, откако американската централна банка Federal Reserve (Fed) ги зголеми каматните стапки и сигнализираше дека следната година би можело да се забрза темпото за зголемување на цената на парите.

Индексот Dow Jones забележа пад од 0,60 отсто, на 19.792 бодови, додека S&P 500 се слизна за 0,81 отсто, на 2.253 бодови, а Nasdaq индекс 0,50 отсто, на 5.436 бодови.

Откако пред само еден ден цените на акциите на Волстрит го достигнаа највисокото ниво во историјата, вчера значително паднаа, како одраз на дводневната конференција на Fed и нивната одлука, која ги предупреди инвеститорите да бидат претпазливи.

Иако се очекуваше дека Fed ќе ги зголеми клучните каматни стапки за 0,25 отсто, во опсег меѓу 0,50 и 0,75 отсто, инвеститорите ги загрижи проценката на преставниците на банката кои објавија дека и наредната година можно е каматите да бидат три пати зголемени, со оглед на тоа што до сега се очекуваше да бидат два пати.

Со тоа темпо каматите би се зголемиле и во следните две години, за да до крајот на 2019 година, достигнат ниво од 3 отсто.
Аналитичарите сметаат дека проценките за забрзување на растот на каматите претставуваат реакција на Fed по најавената политика на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во врска со намалување на даноците, зголемување на фискалната потрошувачка, инвестициите во инфраструктурата, и олабавена регулатива во одредени сектори.

Се смета дека ова ќе го забрза растот на економијата, но и инфлацијата. Според вчерашните објавени проценки Fed очекува дека идната година растот на економијата ќе се забрза за 2,1 отсто, додека претходно се очекуваше 2 отсто, стапката на невработеност се очекува дека ќе се намали за 4,5 отсто, блиску до нивото на “целосна вработеност”, додека инфлацијата може да се приближи до посакуваното ниво од 2 отсто.

Преседателката на Fed, Џенет Јелен на конференцијата за медиуми изјави дека изборот на Трамп за преседател предизвика несигурност и ги навел некои преставници на Fed да ги променат своите проценки во врска со фискалната политика и каматните стапки.

„Сите во Fed препознаваат дека е дојдено до значајна несигурност во врска со тоа како економската политика би можела да се промени и како тоа може да влијае на економијата” изјави Џенет.

Најавената политика на Трамп би можела да го забрза растот на најголемата светска еконимоја, но би можела да доведе и до прегревање и раст на инфлацијата над очекувањата.

„Се чини дека изјавите на Џенет ги намалија шпекулациите на пазарите шпекулациите дека е подготвена да се овозможи таков развој на ситуацијата. И ако се земе предвид дека Fed нема да дозволат да дојде до прегревање на економијата, и на пазарот навремено ќе се реагира”, вели за Reuters Брајан Јакобсен, стратег во Weells Fargo Funds Management.

Доларот зајакна, цените на златото и нафтaта паднаа.

На 8 ноември, кога Трамп победи во трката за Белата куќа, цените на акциите се забележаа пораст поради најавените политики на новоизбраниот претседател кои би може да поттикнат побрз економски раст.

Некои аналитичари сметаат дека пазарите се потпираат на верувањето дека ќе се оствари најповолното можно сценарио, а тоа ги прави ранливи.

Вчера цените на акциите на Волстрит забележа најголем дневен пад во изминатите два месеци, а приносот на краткорочни американски обврзници достигна највисоко ниво во последните пет години. Цената на златото падна на најниско ниво во последните 10 месеци, додека вредноста на доларот се зголеми.

Освен поради сигналот дека Fed би можеле да го забрзаат темпото за зголемување на каматата, пазарот на акции падна и поради падот на цената на нафтата за речиси 4 отсто, што предизвика пад на цените на акциите во енергетскиот сектор.

Инвеститорите ги загрижи зајакнувањето на доларот по одлуката Fed бидејќи индексот на долари кој покажува вредноста на американската во однос на останатите шест најважни светски валути, вчера се искачи на највисокото ниво во последниве 14 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП