20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТокио е најскапата дестинација за странци во светот

Токио е најскапата дестинација за странци во светот

tokio3399

Токио се искачува до лидерската позиција во рангирањето на консултантската компанија „ECA International“ за најскапите градови за странци. Главниот град на Јапонија го зазема првото место за прв пат од 2012-та година, а во последните две години постигнува раст од 11 позиции, наведува компанијата.

Референдумот за „Brexit“ во Велика Британија доведе до сериозни промени во класификацијата. Централен Лондон на пример за прв пат бележи пад во рангирањето со 57 позиции и паѓа од топ 100 поради падот на британската фунта на девизните пазари. За споредба, до пред една година Лондон беше меѓу 50-те најскапи градови за странци.

Падови остварија и другите водечки градови во Велика Британија – Единбург пример е на 151-во место, Кардиф е на 162-ро, а Белфаст е на 169-то.

Хонгконг исто така излегува од топ 10, а Нов Зеланд се искачува со 64 места на листата.

Компанијата нагласува дека јапонскиот јен поскапе значително во однос нејзините конкурентските валути, поради што и други градови во земјата на изгрејсонцето спаѓаат меѓу најскапите за странци. Јокохама пример е на 5-то место, Нагоја е на 7-мо, а Осака е на 9-то.

Најскапиот град за странците во Европа е Цирих, кој го зазема третото место во глобалната листа.

За Африка лидер е главниот град на Ангола Луанда, кој е на второто место во светот.

Водечките европски градови се движат напред во рангирањето поради зајакнувањето на еврото во моментот на составувањето на листата. Водечките градови во Франција, Германија и Холандија се меѓу лидерите на раст во позициите, иако во просек за последните пет години се меѓу дестинации кои бележат пад во рангирањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП