2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе изгуби 6,8 милијарди евра годишно, ако ЕК ги врати визите...

ЕУ ќе изгуби 6,8 милијарди евра годишно, ако ЕК ги врати визите за САД

ek-komisija3

Ако Европската комисија (ЕК) ги врати визите за граѓаните на САД за една година, тоа би довело до загуба од 6,8 милијарди евра за европската економија. Тоа го изјави еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос пред Европскиот парламент.

Според неговите зборови враќањето на визите ќе доведе до губење на 140 илјади места во европската туристичка индустрија, а бројот на граѓани на САД кои ќе ја посетуваат Европа ќе се намали за 22 проценти.

Темата за визите беше разгледана заради прашањето до Европската комисија (ЕК), поднесено од комисијата на Европскиот парламент за граѓански слободи, правда и внатрешни работи. Парламентарната комисија праша дали ЕК наведува дека е должна да издаде препорака (т.н. делегиран акт) за враќање на визите, откако од страна на САД се уште бараат визи од граѓаните на пет држави од Унијата – Бугарија, Романија, Кипар, Полска и Хрватска.

Претседателот на парламентарната комисија Клод Мораес посочи дека прашањето со визите е принципот на еднаков третман во односите на ЕУ со САД. Не може да не се земат предвид последиците од враќањето на визите, одговори сепак Аврамопулос. Тој појасни дека меѓу најпогодените од тоа би биле Италија, Шпанија, Франција и Холандија.

„Ситуацијата не е пријатна, ве поттикнувам за трпение до завршување на транзицијата со администрациите во САД, а потоа ќе го поставиме прашањето што е можно појасно. Патот напред не е лесен, досега нема напредок“, изјави еврокомесарот по повод преговорите со Вашингтон за целосно укинување на визите за САД за сите граѓани на ЕУ.

Во последната дебата групата на Европската народна партија (ЕПП) ја повика ЕК да издаде делегира чин. Социјалистите и демократите ги определија активностите на ЕК како неприфатливи. Според нив со доаѓањето на власт на владата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп можностите за постигнување решение се намалуваат. Социјалистите и демократите забележаа дека може да го изнесат прашањето до Судот на ЕУ.

Европратеникот Филиз Хјусменова (АЛДЕ, ДПС) посочи дека е крајно време ЕК да преземе решителна позиција. Според неа различниот однос кон граѓаните на ЕУ е недозволиво. Неактивноста на ЕК создава чувство на двоен стандард и различни класи на Европејци со што се поткопува довербата на граѓаните од засегнатите земји, додаде Хјусменова. Таа ја повикува ЕК да ја исполни својата улога во заштита на интересите на сите европски граѓани.

Марија Габриел (ЕПП, ГЕРБ) повика на договорени активности меѓу ЕК и земјите од ЕУ. Според неа сега се создава впечаток за различни класи европски граѓани.

ЕК требаше да го претстави овој документ во април, кога официјално стана јасно дека САД ќе продолжат да бараат визи за некои граѓани на ЕУ. Според правото на ЕУ, Комисијата требаше да понуди тогаш враќање на визите за Американци привремено, за период од 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП