22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНаградата „Најдобар давател на услуги од областа на девизното работење“ за Комерцијална...

Наградата „Најдобар давател на услуги од областа на девизното работење“ за Комерцијална банка АД Скопје

komercijalna-banka-nova-zgrada1

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, Соединети Американски држави, на Комерцијална банка АД Скопје и ја додели наградата „Најдобар давател на услуги од областа на девизното работење во Македонија за 2017 година“. Ова е трето признание за успешното девизно работење на Комерцијална банка доделено од Global Finance.

Изборот на најдобри даватели на услуги во областа на девизното работење е направен врз основа на неколку критериуми кои вклучуваат: големина на трансакција, удел на пазар, обем на глобална покриеност, услуги на клиенти, конкурентни цени и иновативни технологии.

Прогласувањето на Банката за „Најдобар давател на услуги од областа на девизното работење“ е уште една потврда и признание за високиот квалитет на услугите кои Комерцијална банка ги нуди во областа на девизното работење и за долгорочната посветеност на Банката кон зголемување на задоволството на нејзините клиенти .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП