19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија се насочува кон индустрија која може да и донесе 30 милијарди...

Јапонија се насочува кон индустрија која може да и донесе 30 милијарди долари годишно

kazina33999

Јапонија се обложува на казината во обид да ја промовира својата економија, пишува „CNN“.

Се очекува јапонскиот парламент да одобри нов закон, кој ќе го отвори патот на хазардската индустрија која може да генерира повеќе од 30 милијарди долари годишно, проценуваат аналитичарите.

Досега казината беа нелегални во третата по големина економија во светот.

„Водечките оператори во светот ја сметаат Јапонија за „Светиот грал“ со оглед потенцијалната големина на пазарот“, коментираат аналитичарите од „CLSA“.

Големите играчи, како „Las Vegas Sands“ и „MGM Resorts“ се силни претенденти за влез во јапонската индустрија, велат експертите. Локалните компании меѓутоа исто така ќе имаат важна улога.

Не сите сепак ги поздравуваат промените. Легализацијата на казината има мала јавна поддршка.

„Проблемот не е дали се дозволени места за обложување, туку за мерките за справување со зависноста од коцкање“, коментира Норика Танака, генерален секретар на група која се бори со слични зависности.

Јавното барање на јапонската телевизија „NHK“ покажува дека 44% од испитаниците се против отворањето на казина, додека само 12% ги поддржуваат. Останатите не се одлучиле за ова прашање.

Дел од формите на обложување веќе се дозволени во Јапонија. Меѓу нив се вбројуваат контролираното од владата обложување на коњски трки и „пачико“ – исклучително популарна игра слична на „пинбол“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП