13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоберт Хот со нов мандат во Градежната комора на Македонија

Роберт Хот со нов мандат во Градежната комора на Македонија

robert-hot-pretsedatel-na-gradezna-komora-na-makedonija-696x491

Компаниите членови на Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), во која членуваат над 450 реномирани компании, на годишното Собрание едногласно му доделија нов мандат на Роберт Хот.

Градежната комора, беше посебно активна и актуелна во изминатиот период, а секторот градежништво, како резултат на капиталните проекти и владините мерки за стимул на градежништвото е двигател кој ќе биде столб на економскиот развој и во наредните години.

„Градежништвото и натаму е еден од моторите на економскиот раст. Новите проекти за изградба на делници од брзи патишта заедно со планот и натаму да се градат локални патишта очекуваме да придонесуваат за натамошен раст. Капиталните проекти се повеќегодишни и за нив е обезбедена финансиска конструкција, што влева сигурност. Дополнителен придонес на зголемување на капацитетите на градежниот сектор, имаат и проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“. И понатаму ќе работиме на зачувување на економската стабилност на градежните компании, продолжуваме со лобирање кај соодветните институции и активно учество во донесување и измени на законските регулативи. Верувам дека и во следниот период заедно ќе градиме успеси“, изјави Хот.

Градежната комора на Македонија веќе има дадено предлози за спроведување на мерки за обуки за доквалификација на работниците во градежништвото, воведување контрола на градежните компании при тендерирање, намалување на процентот предвиден во градбата на станови за лица со посебни потреби, како и предлог за формирање агенција за контрола на потеклото и квалитетот на материјалите и на градбите.

Минатата година, Советот на претседатели на стопанските комори како резултат на активностите, заложбите и иницијативите на Градежната комора во одредени законски измени кои придонесоа за стабилност на градежниот сектор и позитивно се одразија и во други економски гранки ја прогласи Градежната комора за комора за 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП