23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПред состанокот на FED нови рекорди на Волстрит

Пред состанокот на FED нови рекорди на Волстрит

volstrit56

На Волстрит, во вторникот, сите главни индекси достигнаа нови највискои нивоа, како последица на трендот на растот, на цените на акциите потикнат од победата на претседателските избори на Доналд Трамп.

Dow Jones се зголеми за 0,58 отсто, на 19.911 бодови, додека S&P 500 забележа скок за 0,65 отсто, на 2.271 бод, Nasdaq индексот за 0,95 отсто, односно на 5.463 бодови.

Сите три индекси достигнаа нови рекордни нивоа, при што Dow Jones се доближи до границата од 20.000 бодови на помалку од 100 бодови.

На 8 ноември, кога Трамп победи во трката за Белата куќа, тој индекс скокна за 9 отсто, бидејќи инвеститорите се надеваат дека новоизбраниот претседател ќе ги исполни своите ветувања за намалување на даноците и лабавата регулатива во одредени сектори, кои би требало да го забрзаат развојот на економијата.

Во девет од 11 најважни сектори на S & P индексот цените на акциите вчета се зголемија, при што технолошкиот сектор се зајакна за 1,2 отсто. Меѓу најголемите добитници беа акциите на Apple и IBM, со стапка на раст од околу 1,7 отсто.

Технолошкиот сектор во последните неколку недели заостана зад растот на другите сектори, како што се финансискиот и индустрискит, кои би можеле да имаат најмногу корист од најавената политика на Трамп.

“Можеме да забележиме дека зголемувањето на цените на акциите сега се шири и во другите сектори. Ако сте оптимист во врска со пазарот, технолошките акции изгледаат привлечни”, вели Мајкл О’Рурк, главен стратег за пазарот за JonesTrading.

Зголемувањето на цените продолжува, иако се очекува дека лидерите на американската централна банка по дводневниот состанок, ќе ги зголемат клучните каматни стапки.

Трговците на пазарот на пари проценуваат дека има речиси 100 отсто шанси, FED за прв пат по една година да ги зголеми клучните камати за четвртина бод, во опсег меѓу 0,25 и 0,50 отсто.

Зголемувањето на каматите обично лошо влијание врз пазарот на акции, но овој пат аналитичарите велат дека најголемата економија во светот е доволно силна да го издржи зголемувањето на цената на парите.

И на европските берзи цените на акциите се зголемија. Лондонски FTSE индекс се зајакна за 1,13 отсто, на 6.968 бодови, додека францускиот DAX забележа зголемување од 0,84 отсто, на 11.284 бода, а парискиот CAC за 0,91 отсто, на 4.803 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП