17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо долгото колебање Monsanto ја прифати понудата на Bayer

По долгото колебање Monsanto ја прифати понудата на Bayer

mw-en546_bayer__20160524100442_zh

Акционерите на американскиот производител на генетски модифицирани семиња “Monsanto”, со поголемо мнозинство на гласови дадоа “зелено светло” за да ја преземат германскиот хемиски гигант Bayer.

“Речиси 99 отсто од акционерите на ‘Monsanto” ја поддржа трансакција”, сe вели во соопштението од компанијата.

“Ние сме среќни што добивме толкава поддршка од нашите акционери. Ова е важна пресвртница бидејќи работиме на спојувањето на двете компании”, изјави извршниот директор на американската компанија Хју Грант.

Станува збор за еден од најголемите договори во земјоделскиот сектор, што допрва треба да добие одобрение од антимонополските претставници во САД и во Европа.

После одлуката на акционерите, акциите на “Monsanto” скокнаа за 0,3 отсто, на 104,86 долари.

Најавеното спојување предизвика и критики од група за заштита на животната средина, поради долгата историја на “Monsanto” како промотор на генетски модифицирани семиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП