23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 1-ви јануари Кувајт и Катар ќе го намалат производството

Од 1-ви јануари Кувајт и Катар ќе го намалат производството

nafta66

Нафтените компании во Катар и Кувајт најавија дека ќе го намалат нивото на производство на нафта после Нова Година.

Намалувањето на испумпувањето на нафта, почнувајќи од 1 јануари, доаѓа по неодамнешната одлука на земјите-членки и земјите производители кои се надвор од картелот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за ограничување на производството.

“Почнавме да ги информираме потрошувачите за очекуваното намалување на понудата на нафта за да се обезбеди усогласување со земјите на ОПЕК и нивните квоти”, се вели во соопштението на Сад Шерида Ал-Каби, преседател и главен извршен директор во државната компанија Qatar Petroleum.

Во соопштението нема детали за иднината на катарското ниво на производството на нафта. Националниот нафтен конгломерат Kuwait Petroleum исто така ги информираше клиенитие дека нивните извозни количини ќе бидат намалени, почнувајќи од јануари, но и тие не објавија за колку ќе биде намалена испораката.

Локалните медиуми, пак, тврдат дека Кувајт задолжително ќе го намали транспорт на 130.000 барели дневно од сегашното ниво од три милиони барели дневно.

Adnoc конгломератот од Обединетите Арапски Емирати во саботата објави дека ќе се посвети на исполнувањето на новите услови на ОПЕК, и дека со клиентите строго ќе соработува според ревидитираните квоти за јануари.

Adonoc произведува повеќе од 3,15 милиони барели нафта дневно. Членките на ОПЕК се согласија дека од 30 ноември ќе го намалат производството на “црното злато” за 1,2 милиони барели на ден, а на почетокот на овој месец им се придружија и земјите производители надвор од картелот кои се согласија да го намалат производството за 558.000 барели дневно. крај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП