12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШефовите советуваат како да дојдете до унапредување

Шефовите советуваат како да дојдете до унапредување

killer-bosses-and-employee-well-being

Ви презентираме неколку конкретни акции кои ги предложија шефовите ширум светот доколку сакате унапредување:

Кажете дека не сум во право

Сакаме кога вработените ќе ни се спротистават со ставови и примери. Не се работи овде за караница, туку за изнесување на мислење кое е засновано на факти.

Кажете ни ја лошата вест

Немојте да ни кажувате колку сте фантастични, туку кажете ни кој проблем постои и што ќе направите за да го решите.

Без драматизирање, ве молиме

Нас не не интересира тоа ако не можете да соработувате со колегата, ако ви оди на нерви и не не интересира нас тоа што стигнале жолти канцелариски материјали, а не сини. Правите ли драма, не сте за следниот степен во кариерата.

Насмевка

Не треба со својата насмевка да конкурирате за реклама за паста за заби, но треба на својот шеф да му покажете дека ја сакате својата работа. Колку и да се близу роковите, колку и да е стресна работата на проектите, вашата насмевка е влезница во пријатна атмосфера, но и вистински пример за колегите.

Фаќајте белешки

Нема полоша работа кога на вработените им повторуваме една работа постојано. Не се потпирајте на меморијата, туку на своите белешки.

Не ја прескокнувајте деловната забава

Прескокнувањето на собирите значи дека пропуштате да се информирате за случувањата внатре во компанијата (на пример, кој планира да даде отказ).

Не очекувајте да бидете наградени

Самодовербата е една работа, а сосема друга е ароганцијата. Не шетајте наоколу со ставот дека заслужувате награда за вашата работа. Оставете вашите дела нека говорат за тоа. Ако мислите дека шефот не ги гледа вашите достигнувања, закажете состанок со него и зборувајте на што се сте работеле и побарајте повратна информација.

Прашајте дали можете да помогнете

Немојте да се шетате по компанијата и да чекате да ви кажат што треба да работите. Прашајте дали можете да направите нешто за да помогнете. Иницијативата многу се цени и ви е потребна ако сакате унапредување.

Имајте решенија

Никогаш не го изнесувајте проблемот, а пред тоа да немате решение. Еден од шефовите дури истакна дека сака да дава совети кога вработените прашуваат, но се унапредуваат луѓето кои мислат со своите глави.

Знајте ја својата работа, работете ја

Сакаме кога вработените знаат што им е работа и тоа го работат. Не треба да им кажеме два пати. Вистинските луѓе за унапредување се оние кои сами си ги организираат своите обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП