3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУНИЦЕФ: Во Нигерија од глад ќе умрат 80 илјади деца

УНИЦЕФ: Во Нигерија од глад ќе умрат 80 илјади деца

90438915_033890485

Околу половина милион деца на североистокот на Нигерија гладуваат, а 80.000 ќе умрат од глад следната година ако не им се пружи помош во хуманитарната криза што ја предизвика теророт на исламистичката група Боко Харам, соопшти УНИЦЕФ.

Според зборовите на извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк, околу 400.000 нигериски деца се соочени со опасност од глад, што, како што оцени, е само дел од кризата во која се наоѓаат 2,6 милиони бегалци по седум години терор на Боко Харам, во кои беа убиени 20.000 луѓе.

Лејк предупреди дека секое петто дете ќе умре од глад ако не му биде пружена медицинска помош.

Тој додаде дека хуманитарните конвои немаат пристап до поголемиот дел на нигериската сојузна држава Борно, главното упориште на Боко Харам, наведувајќи дека ОН се загрижени за судбината на децата заробени во таа област.

Исламистите од Боко Харам нападна во јули хуманитарен воен конвој во близина на градот Маидугури, место на основање на оваа екстремистичка група, а во тој напад беше ранет еден припадник на УНИЦЕФ, двајца војници и уште двајца хуманитарни работници.

Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари го обвини УНИЦЕФ дека од донациите за помош на децата купува блиндирани возила, а пред неколку дена изјави дека ОН и нивните агенции ја предимензионираат кризата за да соберат што повеќе пари.

Тој уште додаде дека Боко Харам е „технички поразен“ пред една година.

Агенцијата АП наведе дека децата во Маидугури умираат од глад, а меѓународната организација Лекари без граници проценува дека илјадници веќе умреле, меѓу нив меѓу 10 и 25 отсто деца сместени во хуманитарниот центар во тој град.

Нигерискиот Сенат ги истражува тврдењата дека агенциите под контрола на владата ја спречуваат доставата на храна што би требало да пречи умирање на децата.

Бухари за претседател беше избран во март минатата година, а за време на кампањата вети дека ќе ја искорени корупцијата и дека ќе го уништи Боко Харам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП