21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски енолози во посета на Алзас

Македонски енолози во посета на Алзас

la-guia-del-vino

Македонска делегација составена од тринаесет членови кои се преставници на локалните власти и експерти во енологија, до сабота, ќе престојува во францускиот регион Алзас во студиска посета посветена на винската индустрија.

Оваа посетата е поддржана од Програмата за развој на ОН (УНДП) за Македонија и има за цел да ги запознае македонските претставници со организацијата на винската индустрија, винскиот пат Алзас и нивната поврзаност со туризмот.

За време на посетата предвидени се серија средби со професионалци од винската индустрија.

Дел од посетата ќе биде посветен и на туристичката понуда во Алзас, на Агенцијата за развој на туризмот и Туристичкото биро на Оберне и економскиот развој (Агенцијата за развој на Алзас).

Средбите ќе треба да им помогнат на македонските експерти подобро да се запознаат со начинот на којшто е организирана оваа област во Алзас. За време на посетата ќе бидат посетени и Департманскиот совет на Горна Рајна, Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права.

Домаќин на македонската делегација е асоцијацијата Алзас – Македонија (АЛМА), со која претседава Жак Шлеф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП