4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција повторно во кавга со ММФ: „Лажат“

Грција повторно во кавга со ММФ: „Лажат“

20026996725850190bad5ba667382498_w640

Грчката влада го одби барањето на ММФ да ја продолжи примената на мерките за штедење по 2018 година, што е еден од условите за постигнување на договор за идна кредитна помош.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос изјави дека ММФ „наведува лажни податоци“ барајќи од Атина да спроведе опсежни реформи од пензискиот и даночниот систем и ја повика таа организација „да ги подобри своите економски прогнози“.

Таа изјава следеше после тврдењето на официјалните лица од ММФ дека од Грција не се бараат дополнителни мерки за штедење, туку радикални реформи во јавниот сектор.

Грчката владата требаше денес во Атина да ја почне новата рунда преговори за продолжувањето на кредитната помош со ММФ и европските доверители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП