29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо четири години се враќа вториот неработен ден за Нова година во...

По четири години се враќа вториот неработен ден за Нова година во Словенија

parlament-slovenija-33

Словенечкиот парламент во вторник вечер со убедливо мнозинство го промени Законот за државни празници, со што повторно се враќаат двата неработни дена за Нова година, кои беа укинати пред четири години, како една од мерките на штедење.

За законската измена гласаше 61 пратеник, додека 10 беа против.

Некои претставници на опозицијата сметаат дека владата, која според најновите анкети ужива мала поддршка, со овој „популистички“ потег всушност ја „купува“ наклонетоста на гласачите, што владејачката партија го негира.

Претседателот на парламентот Милан Брглез рече дека укинувањето на вториот неработен ден во новогодишните празници пред четири години и не било толку неопходно и не дало никакви економски ефекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП