10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција и Германија сакаат продолжување на санкциите против Русија

Франција и Германија сакаат продолжување на санкциите против Русија

oland-merkel33

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел ја поддржуваат идејата за продолжување на санкциите против Русија за уште шест месеци, објави „Ројтерс“. Двајцата се мотивираат со недостатокот на напредок во примената на договорите од Минск.

„Неопходно е да се продолжи повторно со санкциите против Русија, бидејќи сакаме подобар напредок во овој процес“, рече Меркел пред да разговара со Франсоа Оланд во Берлин.

Самиот Оланд го поддржа ставот на германската канцеларка. За него, додека не бидат исполнети договорите од Минск, санкциите против Русија треба да продолжат.

За оваа тема најверојатно ќе биде подетално дискутирано на претстојната средба на лидерите на ЕУ, закажана за 15-ти декември. При последната средба на врвот на Европската унија (ЕУ) земјите од заедницата не примија наметнување на нови санкции против Москва поради воените дејствија во Сирија.

Меѓу земјите во заедницата се повеќе се слушаат коментари дека санкциите треба да бидат прекинати, бидејќи тие не го постигнуваат ефектот кој го посакуваат.

Уште во март 2014-та година ЕУ се обиде по дипломатски пат да ги намали тензиите меѓу Русија и Украина и едностраната анексија на Кримскиот полуостров од страна на Москва. Во јули заедницата ги воведе и првите економски санкции против Русија и периодично го продолжува рокот на нивното дејствување. Со последното решение од почетокот на јули 2016-та година ЕУ продолжува со ограничувањата во односите со Русија до 31-ви јануари 2017-та година.

Москва одговори на западните санкции со забрана за увоз на земјоделски производи.

Економските санкции на ЕУ се изразени во забрана на пристап до пазарите на капитал во Европа на пет големи руски финансиски институции, три енергетски компании и три компании кои работат во областа на одбраната, како и забрана за трговија со оружје и стоки со двојна употреба. Руските компании немаат пристап и до европските технологии во различни области.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП