1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразилските компании заинтерсирани за бизнис можностите што ги нуди Македонија

Бразилските компании заинтерсирани за бизнис можностите што ги нуди Македонија

Македонија нуди одлични бизнис можности за бразилските инвеститори и затоа има добра перспектива за соработка, оценија учесниците на бизнис форумот форумот во Сао Паоло на кој македонскиот владин тим предводен од премиерот Никола Груевски ги презентира поволностите за инвестирање во земјата.

Најголем интерес кај бразилските компании од Сао Паоло, економски најмоќната бразилска федерална држава предизвика даночната политика на Македонија предизвика

– Бразил е шеста најголема економија во светот, а во тие рамки Сао Паоло е најдинамичниот регион со најсилна индустрија и токму затоа сме денес тука на средба со бизнисмените од Сао Паоло да ги презентираме можностите за инвестирање во Република Македонија. Имаше исклучително добар интерес, посебно предизвика внимание даночната политика на Македонија како земја со најниски даноци во Европа. Бизнисмените беа зачудени колку е атрактивно нивото на даноци и колку се поволни даноците во Република Македонија, а секако и општиот амбиент за работа, односно бизнис-климата, потпишаните договори за слободна трговија со земјите од ЕУ и пошироко така што сето тоа наиде на голем интерес за евентуално фирми од Бразил што би дошле во Република Македонија да инвестираат, а преку тоа да го освојат и европскиот пазар, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по форумот на кој присуствуваа претставници на компании од областа на инфраструктурата, енергетиката, земјоделството, медицината и други дејности.

Тој посочи дека персоналниот данок од доход е 10 отсто и е рамен данок, данокот на добивка е 10 отсто и тоа само за оние компании кои ќе ја распределат добивката во дивиденда, оние кои ќе ја акумулираат не плаќаат данок на добивка. Македонија има политика на ниски даноци и на намалување на придонесите со што се намалуваат трошоците за водење бизнис на компаниите и се зголемуваат шансите за профити, рече Ставрески.

Според вицепремиерот, ова е почетен чекор и треба понатаму да се види како ќе се развиваат тие односи.

– Охрабрувачки е бидејќи првпат во независна Република Македонија се случува една влада и економските министри и премиерот да дојдат во Бразил да ги презентираат можностите. Сметам дека ова е можност да се отворат нови пазари, нови врати со цел да донесеме повеќе инвестиции и да се отворат работни места во Република Македонија, истакна Ставрески.

Потпретседателот на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло, Жоао Омето, истакна дека предностите што ги нуди Македонија се позитивни и значајни и треба добро да бидат разгледани од бразилските компании. Тие како Комора ќе лобираат  кај нивните членки да ги проучат можностите што им се нудат и да се осврнат на развој на бразилско – македонските односи.

 

Пред почетокот на бизнис форумот, премиерот Никола Груевски имаше средба и со раководниот менаџмент на Стопанската комора на Сао Паоло, која беше организатор на бизнис форумот.

Груевски истакна дека Република Македонија со поволностите што им ги нуди на странските инвеститори може да преставува соодветна дестинација за бразилските компании кои имаат намера да реализираат бизниси на пазарот на Европа.

– Иако сме земја со два милиона жители, ние го имаме надминато хендикепот на мал пазар, затоа што имаме потпишано договори за слободна трговија со сите земји во Европа, со Турција и со Украина, што значи дека производите кои ќе се произведат во нашата земја, и од домашните, но и од странските компании можат да се продаваат на европските пазари без никаква царина или дополнителни трошоци, што може да претставува сериозна можност за бразилските компании, наведе премиерот Груевски.

Тој се осврна и на предноста од постоење на квалификувана работна сила која постои во нашата земја.

– Со инвестициите во образованието, создаваме работна сила која има соодветни квалификации, која во склоп со постоечката работна сила која е добро образована и има соодветни знаења и вештини, може да претставува извор на продуктивност и ефективност на компаниите кои ќе отворат бизнис во Македонија и кои ќе вработат лица од нашата земја, изјави Груевски во говорот пред бизнисмените.

Министерот Веле Самак презентираше повеќе конкретни проекти во кои може да се инвестира и тоа од областа на автомобилската индустрија и информатичката технологија, во туризмот, енергетиката и медицинските технологии.

Директорот Висар Фида ги презентираше поволностите кои ги нудат технолошко-индустриските развојни зони, и сервисната ориентација на Агенцијата кон странските инвеститори, но и за потенцијалните инвеститори кои сакаат да остварат посета на нашата земја и изворно и на терен да се запознаат со предностите и фактите, на кои Агенцијата им овозможува целокупна логистика за анализа и истражувања во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП