1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBASF дели откази

BASF дели откази

basf2

Германската хемиска компанија „BASF“ ќе затвори 500 работни места во светот, a од тие 350 во Швајцарија, во регионот Базел, со цел да ја подобри конкурентноста на пазарот, пренесуваат странските медиуми.

Во филијалата на компанијата во Базел, на која се однесуваат мерките за намалување на работната сила, се произведуваат адитиви за индустриска пластика и пластична маса, како и бои и хемикалии кои се користат за производството на вода, кожа и текстил, чиј пласман е особено погоден од конкуренцијата од Азија.

Процесот на реструктуирање би требало да биде завршен до крајот на 2015 година, наведе компанијата во своето соопштение.

Најголемата хемиска компанијата во светот „BASF“ вработува околу 110.000 луѓе. Минатата година беа остварени приходи од продажбата во вредност од 72,1 милијарди евра и оперативен профит од околу седум милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП