26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтатистиката лаже, Германците се побогати

Статистиката лаже, Германците се побогати

merkel2

Германците се побогати од тоа што последните истражувања на Европската централна банка го покажуваат, вели германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа ги коментираше истражувањата според кои германските домаќинства се посиромашни од оние во Грција, Шпанија или Кипар, земјите чија економија е на колена.

Според статистичките податоци, домаќинствата во Шпанија, Кипар или Грција излегуваат побогати од германските, но со тоа треба да бидете внимателни, бидејќи статистиката лаже – нагласи Меркел која е убедена дека нејзините граѓани живеат многу подобро.

Луѓето во Јужна Европа, главно, инвестираат во недвижен имот како суштински дел од нивниот пензиски план. Германија има многу посилен институционализиран систем, а освен тоа, високите пензии и имотот во странство не се земени во предвид – изјави Меркел.

Она додава дека сето тоа довело до резултат кој говори дека просечниот имот на германските граѓани е поскромен од она што навистина е.

Резултатите говорат дека просечното богатство на домаќинствата во најсилната економија во Европа изнесува 51.400 евра. Богатството на Австријците изнесува 76.400 евра, Кипријаните 266.900 евра, Италијанците 173.500 евра, а Шпанците 182.700 евра.

Во Германија, за разлика од наведените земји, и бројот на сопственици на имот е помал, бидејќи во таа земја дури 44 проценти од граѓаните во сопственост имаат станови, што е резултат од добро уредениот систем за изнајмување на станови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП