17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКапиштец доби нов парк

Капиштец доби нов парк

parkce-696x464

Руинираниот и запуштен простор на улицата “Елисије Поповски“ во Капиштец, на подножјето на Водно, прерасна во убава, хортикултурно уредена јавна површина.

На некогаш калливата земјена површина, која служеше како див паркинг, општина Центар направи убаво уреден зелен простор од 580 м2 и засади 200 зимзелени садници – прекривки.

Благата косина се разигрува со 50 грмушки од два типа: зимзелени и цветно-листопадни. Полевањето се изведува со ново поставениот автоматски систем, кој што ќе овозможи долготрајност и убавина на садниците.

„И ова е дел од ветувањата и проектите на општината и на градоначалникот, Андреј Жерновски, секаде каде што е можно, да се направат мали, зелени оази“, информираат од Општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП