29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКуба со помош на Google ќе обезбеди побрз интернет

Куба со помош на Google ќе обезбеди побрз интернет

internet-kuba-google

Куба и американската компанија Google потпишаa договор со кој треба да се обезбеди побрз пристап до интернет, бидејќи е познато дека во оваа островска држава интернетот е ограничен и бавен.

Договорот беше потпишан од страна на извршниот директор на матичната компанија Google, Ерик Шмит и шефицата на кубанската државна компанија за телекомуникации Eteks, Мајра Аревич.

Договорот подразбира дека Куба ќе има пристап до мрежата Google global која ги чува содржините од Google сајтовите, како Gmail и YouТube на локални сервери и го забрзува корисничкиот пристап до интернет.

„Овој договор ќе им овозможи на корисниците во Куба да го намалат времето за поврзување на Google, но исто така да се подобрат и брзината и квалитетот“, се вели во соопштението на Eteks.

Куба е една од земјите со најбавен интернет во светот, а минатата година само една третина од Кубанците користеле интернет.

На островот има 900 интернет кафулиња и 200 места каде што е овозможен Wi-Fi, цената за интернет е два долари по час, што се смета за висока цена. Само одредени професии, како што се новинарство и здравството им е дозволено да користат интернет од дома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП