2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се најскапите градови во Европа според цените на становите и превозот

Ова се најскапите градови во Европа според цените на становите и превозот

london

Лондон е најскапиот град во Европа за живот, а следат Копенхаген, Стокхолм и Хелсинки, покажува неодамна објавеното истражувањето на Евростат.

Трошоците за живот во европските метрополи биле споредени со оние во Брисел и Луксембурд, кои добиле 100 поени.

Истражувањето покажало дека животот е најскап во Лондон, кој добил 166,9 поени.

Високите трошоци за живот се последица пред се на скапото домување и јавниот превоз. Просечен квадрат животен простор во Лондон чини околу 10.500 евра, пренесува Еуроактив.

На второто место е Копенхаген со 131,8 поени, а следат Стокхолм со 127,9 и Хелсинки со 119,7 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП