11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК ги казни Sony, Panasonic и Sanyo за ценовен картел

ЕК ги казни Sony, Panasonic и Sanyo за ценовен картел

ek-komisija3

Европската комисија соопшти дека ги казнува „Sony“, „Panasonic“ и „Sanyo“ за ценовен картел при литиум-јонските батерии за лаптопи и мобилни телефони.

Трите компании се казнети со вкупно 166 милиони евра, бидејќи ги прекршиле антикартелните одредби заедно со „Samsung SDI“. Последната не е казнета, бидејќи ги известила властите за случајот.

„Милиони Европејци користат лаптопи, мобилни телефони и други уреди кои работат со литиум-јонски батерии. Денешната одлука ги санкционира четирите производители на батериите, чиј слога влијаеше на цените на голем број производи што се продаваат на европските потрошувачи. Одлуката исто така испраќа важен сигнал до компаниите – ако европските потрошувачи се погодени од картел, Комисијата ќе го истражува случајот, дури и ако контактите со цел картел биле реализирани надвор од Европа“, коментира еврокомесарот за прашањата на конкуренцијата Маргрете Вестагер.

Истрагата на Еврокомисијата утврдило дека претставниците на компаниите над четири години се сретнале во неколку наврати, најчесто во Азија, за да планираат начини да ја избегнат конкуренцијата на пазарот на литиум-јонски батерии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП