22 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШведска и Србија останаа без шанси за полуфинале

Шведска и Србија останаа без шанси за полуфинале

pino333

Ракометните репрезентациии на Шведска и Србија останаа без шанси за пласман во полуфиналето откако загубија и во второто коло во Групата 1, на Европското првенство. Последното коло во оваа група ќе ги одреди полуфиналистите, а за двете места конкурираат Франција, Холандија и Германија.

Холандија славеше над Србија 35:27. Абинг и Бор постигнаа по шест гола за Холанѓанките, додека Србија ја предводеше најефикасната на мечот Стоиљковиќ со осум голови.

Шпанија и Германија одиграа без победник 20:20. Пена со седум гола беше најефикасна кај Шпанија, а Хубингер со пет гола ја предводеше Германија. Инаку Хубингер со 28 голови се наоѓа на второто место на листата на најдобрите стрелци.

Шведска, во последниот меч од групата, загуби од Франција 19:21. Минко беше најефикасна кај победничките со шест гола, четири постигна ракометарката на Вардар Лакабрер, додека Робертс со пет и Гулден со четири гола беа најефикасни во домашната селекција.

На табелата во Групата 1 водат Холандија и Франција со по шест бода, еден повеќе од Германија, Србија и Шведска имаат по три, а Шпанија еден бод.

Последното ги носи натпреварите Шпанија-Холандија, Германија-Шведска и Србија-Франција.

Во второто коло, во Групата 2, во среда ќе играат Чешка-Романија, Унгарија-Норвешка и Данска-Русија.

Во оваа група води Норвешка со шест бода, по четири имаат Романија и Данска, по два Чешка и Русија, а Унгарија е без освоен бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП