22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа слаб снег

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа слаб снег

vlazni kolovozi

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег, кој не се задржува на коловозот, провејува на Кула, Страцин и граничен премин Деве Баир.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП