7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартот на новата трговска седмица на Македонска берза беше мирен

Стартот на новата трговска седмица на Македонска берза беше мирен

mk-berza224

Почетокот на трговската седмица на Македонската берза ја одбележа пад на индексот МБИ-10 од 0,26 отсто, и заврши на 2198,87 индексни поени.

Вкупниот промет изнесуваше 4.663.157 милиони денари, остварен преку вкупен број од 33 трансакции.

Од листата на добитници се издвои акцијата на Стопанска Банка АД Битола со раст од 4 отсто при истргувани 25 акции по просечна цена од 1.300 денари, веднаш по неа се најде акцијата на Топлификација АД Скопје со раст од 2,97 проценти.

Кај губитниците пад од 2,96 отсто од вредноста изгубија акциите на Гранит АД Скопје.

За обврзниците во понеделниот немаше никаква заинтересираност кај инвеститорите.

Стопанска банка АД Битола извести дека на 6.12.2016 заврши првата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност. Имено во известувањето стои дека по завршување на рокот за реализација на јавната понуда, од понудените 5.000.000 долгорочни должнички хартии од вредност (обврзници), не се продадени обврзници со што јавната понуда не е реализирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП