7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААргентина: Раст од 20 проценти во цената на станови

Аргентина: Раст од 20 проценти во цената на станови

obelisco-argentina2

Сонот за сопствен кров над главата за луѓето во главниот град во Аргентина денеска е многу далечен за разлика од пред пет години.

Според пресметките еден граѓанин на Буенос Ариес, за да купи стан потребни му се 11 години, под услов за таа инвестиција да одвојува 100 отсто од своите приходи.

Ова е однос на просечната плата во главниот град на Аргентина и просечна цена на стан од 60 метри квадратни.

На крајот на третиот квартал од 2016-та година, метар квадратен во Буенос Ариес во просек чинел околу 2.000 долари.

Споредено со 2011-та година, податоците покажуваат дека цената на становите во последните пет години е зголемена за 20 отсто, додека во исто време просечната плата е зголемена во просек за 5,3 отсто, пресметано во американски долари.

Кога се во прашање приходите на граѓаните, најдобро платените граѓани на Буенос Ариес кои се околу 10 отсто, можат да купат стан со 45 месечни плати, додека најсиромашните треба да работат 66 години за да можат да си купат стан од 60 квадрати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП